Маси за секаков вид прослава
Нудиме правоаголни и тркалезни маси за 6 до 12 лица, доволно флексибилни за секаква поставка: свадба, роденден, крштевка или корпоративен настан. Масите доаѓаат со чаршав во крем боја (вклучен во цената) или без чаршав.
За приеми и коктел-настани тука се и нашите коњопои, високи коктел маси со чаршав во бела или црна боја или без. Одлично се комбинираат со тенди за прослави на отворено.
- 50+ маси и коњопои на располагање
- 500+ Tiffany столици за комплетна поставка
- Чаршави во крем боја, вклучени во цената
- Бесплатна достава, монтажа и демонтажа во Скопје и Прилеп
Зошто Party Hub Event во Скопје
Имаме магацин во Скопје и втор во Прилеп, па опремата секогаш е блиску до вашиот настан, без чекање и без посредници. Доставуваме и низ цела Македонија: Скопје, Битола, Куманово, Охрид и сите други градови.
Соработуваме со кетеринг сервиси, ди-џеи, фотографи и декоратори за целосна организација на настанот.
Како функционира
Јавете се или пишете на WhatsApp или Viber. Кажете ни датум, локација и број на гости и ќе добиете понуда веднаш. Одговараме секој работен ден од 08:00 до 22:00. На денот на настанот доставуваме и поставуваме сѐ, а по прославата расчистуваме.
Маси и поставки од наши настани.








Прашања и одговори.
Колку чини изнајмување маси и столици во Скопје?
Цената зависи од бројот на маси и столици и од локацијата на настанот. Во Скопје и Прилеп доставата и монтажата се бесплатни. За точна понуда контактирајте нѐ на телефон, Viber или WhatsApp.
Колку однапред треба да резервирам маси и столици?
За свадби препорачуваме резервација 2-3 месеци однапред поради големата побарувачка во сезона. За родендени, крштевки и корпоративни настани доволно е 2 недели.
Дали доставата е вклучена во цената?
Во Скопје и Прилеп се целосно бесплатни. За останатите градови се договараме однапред.
Доставувате ли и надвор од Скопје?
Да, доставуваме низ цела Македонија: Прилеп, Битола, Куманово, Тетово, Охрид и сите други градови.
Резервирајте навреме.
Контактирајте нѐ на телефон, Viber, WhatsApp или е-пошта. Секој работен ден од 08:00 до 22:00.
Оставете број, ние ќе ве побараме.
Име и телефон се доволни. Ќе ве побараме во работно време.
Ви благодариме! Ќе ве побараме наскоро.