Што се коњопои?
Коњопои е името што кај нас се користи за високите коктел маси, тесни маси за стоење околу кои се собираат по четири-пет гости со пијалак во рака. Не бараат столици и не го затрупуваат просторот, па на иста површина примате многу повеќе гости отколку со класично седење.
Точно затоа се стандард за приеми, коктели, отворања, промоции и корпоративни настани. Гостите циркулираат и разговараат наместо да седат на фиксно место.
Бел чаршав, црн или без
Секој коњопој може да дојде со чаршав во бела или црна боја, или сосема без. Белиот е класичен избор за свадби, крштевки и дневни приеми; црниот подобро легнува на вечерни и корпоративни настани. Чаршавите се еластични и спуштени до земја, па масата изгледа уредно од секој агол.
- 50+ маси и коњопои на располагање
- Чаршав во бела или црна боја, или без
- Идеални за приеми, коктели, отворања и корпоративни настани
- Бесплатна достава, монтажа и демонтажа во Скопје и Прилеп
Комплетна поставка со тенди и маси
Коњопоите најчесто се изнајмуваат заедно со нашите тенди и шатори, заштита од сонце и дожд за приеми на отворено. А ако настанот бара и класично седење, погледнете ги нашите маси и Tiffany столици.
Коњопои на наши настани.








Прашања и одговори.
Што се коњопои?
Коњопои се високи коктел маси, тесни маси за стоење околу кои гостите се собираат со пијалак во рака. Не бараат столици, па на иста површина примате многу повеќе гости отколку со класично седење.
Со каков чаршав доаѓаат коњопоите?
Нудиме чаршав во бела или црна боја, а може и без чаршав. Белиот е класичен избор за свадби и дневни приеми, а црниот подобро легнува на вечерни и корпоративни настани.
Колку чини изнајмување коњопои?
Цената зависи од бројот на коњопои и локацијата на настанот. Во Скопје и Прилеп доставата, монтажата и демонтажата се бесплатни. За понуда контактирајте нѐ на телефон, Viber или WhatsApp.
Дали ги доставувате и поставувате коњопоите?
Да, секогаш ние доставуваме и поставуваме. Во Скопје и Прилеп тоа е бесплатно, а за останатите градови се договараме. Доставуваме низ цела Македонија.
Резервирајте навреме.
Контактирајте нѐ на телефон, Viber, WhatsApp или е-пошта. Секој работен ден од 08:00 до 22:00.
Оставете број, ние ќе ве побараме.
Име и телефон се доволни. Ќе ве побараме во работно време.
Ви благодариме! Ќе ве побараме наскоро.